Родители го пронајдоа синот по 38 години откако бил киднапиран (ФОТО)

Како што пишуваат светските медиуми, полицијата конечно успеала да го пронајде синот, инаку сега 40-годишен маж, користејќи ја националната база на податоци за ДНК.

1,254

Двајца родители, сега 70-годишни, од провинцијата Шанкси, Кина, ги поминале последните 38 години во надеж дека нивното дете Џин Шуи ќе се врати дома откако било грабнато во 1982 година кога имало само две години.

Како што пишуваат светските медиуми, полицијата конечно успеала да го пронајде синот, инаку сега 40-годишен маж, користејќи ја националната база на податоци за ДНК. Дента кога исчезнал Џин, таткото Су Бингде тргнал да посети некој роднина, но не ја заклучил вратата од домот и ги оставил сопругата и двете деца дома. Кога се смрачило, мајката Хуанг Ренксиу ги легнала децата да спијат, но хаосот почнал дури утрината кога сфатила дека 2-годишното момче повеќе не е во куќата.






Следните десетина години семејството неуморно го барало својот син, а Су постојано патувал во други градови и села барајќи трага од своето дете. Тој најчесто патувал пеш за да заштеди пари, а понекогаш пешачел и со часови без да застане. Но, резултат немало.

Но, сега, и на ова семејство му се насмевна среќата. Полицијата ги известила дека нивниот син е лоциран откако пронашле ДНК совпаѓање во националната база на податоци. Синот сега живее на 1.000 километри оддалеченост од домот на своите родители, има сопруга и две деца.

Семејството Бингде со синот, снаата и со внуците
Поврзани содржини