Роди близнаци и исчезна: Љубовницата на Путин ја нема во јавноста од 2018 година

3,262

Светските медиуми објавија за поранешната најтрофејна руска гимнастичарка Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин.

Британски „Сан“ пишува дека 37-годишната атлетичарка не е видена во јавноста од 2018 година, кога кружеа гласини дека е бремена со близнаци. Таа, наводно, родила два сина во Москва минатиот мај, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.






Рускиот новинар Сергеј Канев, близок до руските разузнавачки служби, тогаш објави дека Алина родила машки близнаци.

„Разузнавачките служби го проверија секој агол од болницата пред нејзиното пристигнување, а половина од медицинскиот тим беше исфрлен. Раѓањето го изврши славен доктор од Италија, а мораше да направи царски рез“, напиша тој.

Во 2018 година пишувало и за одговорот на Путин на прашањето кога ќе се жени.

– Кога имате намера да стапите во брак и со кого? – потоа беше запрашан од репортерот на таблоидот „Лајф њуз“.

Путин на тоа се насмевнал и одговори: „Како и секоја пристојна личност, ќе треба да го сторам тоа порано или подоцна“.

За нивната наводна романса се зборуваше од 2008 година, а оттогаш таа не е видена во јавност со друг маж. Неколкупати е видена со прстен на раката, но никогаш не е официјално потврдено дека е прва дама на Русија.

Но, затоа често ја нарекуваа „прва љубовница на Русија“, а во интервјуата велеше дека запознала „човек што многу го сака“, но не сакала да го именува. Изведно време се пишуваше и за нивното наводно „тајно семејство“ па се шпекулираш дека веќе имаат заедно деца.

Во 2014 година, Путин се разведе од својата прва сопруга Људмила, со која беше во брак од 1984 година и со која има две ќерки.

Поврзани содржини