РОДЕНДЕНСКИОТ ТЕФТЕР НА ЕПШТАЈН ПОД ЛУПА ВО САД Во Претставничкиот дом се бара проширување на истрагата

Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во 2003 година и дека содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.

105

Одборот на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епштајн побара предавање на нови документи, меѓу кои и книга со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си.

Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во 2003 година и дека содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.






Од извршителите на оставината се бара да ја достават книгата до 8 септември, заедно со договори за доверливост, тестаментот на Епштајн и други документи што би можеле да се толкуваат како список на клиенти вмешани во трговија со луѓе или сексуални злосторства.

Иако Министерството за правда и ФБИ тврдат дека таков список никогаш не постоел, шпекулациите не престануваат. И самата Максвел, која издржува затворска казна, негираше дека постои.

Аферата „Епштајнови документи“ веќе недели го следи Трамп, и покрај тоа што никогаш не бил обвинет во врска со случајот.

Комер претходно упати повици и до Министерството за правда, како и до поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Поврзани содржини