„РОДЕНДЕНОТ ГО ПОМИНАВ СО ДЕЦАТА, БЕШЕ ВИСТИНСКА ТОРТУРА“ Ким Кардашијан предизвика лавина коментари со изјавата во нејзин стил
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан со една изјава успеа да налути многу луѓе.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан со една изјава успеа да налути многу луѓе.
Зборувајќи за својот неодамнешен роденден, Ким откри дека славеничкиот ден го поминала со децата, но дека не била најсреќна поради тоа.
„Сакав да имам еден ден за себе, но наместо тоа, заглавив гледајќи видеа на Јутјуб на мојот роденден, имав турнир на ФИФА и правев креативна работа – требаше да ја видите грдата работа што ја направив. Тоа не е она што сакав да го правам на мојот роденден“, се пожалила таа.
„Тоа беше тортура, мачење. Само некој нека ми подготви појадок. Тоа е одличен роденден“, рекла таа, а потоа објаснила дека нејзината идеја за совршен роденден е да ја заклучи вратата, да не станува од кревет и да јаде колачиња и сладолед по цел ден.