📷📽 РОДЕН Е ВО СТРУМИЦА, ПО НЕГО ЖЕНИТЕ ЛУДУВАА… Еве како изгледа големиот заводник Владо Калембер на 71 година
Познатиот хрватски музичар роден во Струмица, и денес на прагот на осмата деценија од животот, активно се занимава со музика и неговиот стил не е променет.
Владо Калембер, препознатлив по својот глас и по својот изглед, важеше за најголемиот заводник на југословенската музичката сцена. Беше фронтмен на познатите „Сребрени крила“, снимаше дуети со најголемите ѕвезди, разоружуваше со својата насмевка, а жените просто, го обожаваа.
Познатиот хрватски музичар роден во Струмица, и денес на прагот на осмата деценија од животот, активно се занимава со музика и неговиот стил не е променет.
View this post on Instagram
Кариерата ја започна во седумдесетите години, додека врвот на славата го достигна десет години подоцна, во осумдесетите години од минатиот век. Важеше за еден од најзгодните мажи на овие простори, а ако ја погледнете неговата насмевка и денес, ќе сфатите зошто Владо Калембер и ден денес има верни обожавателки.
Пејачот во едно интервју го прокометира статусот на секс симбол што го носи со децении.
– Има многу митови, па тоа е еден од нив. Јас не го доживувам така и не го проживувам. Така што, тоа што се зборува наоколу, тоа е она како за духовите, сите зборуваат за нив, никој не ги гледа. Мислам, убаво е да се слушне тоа, годи, бидејќи на крајот од денот сите сме крвави под кожа – вели Владо Калембер.
Многу жени го посакуваа, но тој срцето и го подари само на една – 30 години помладата хрватска виолончелистка Ана Руцнер со која беa во брак 12 години во кој го добија синот Дариан.
View this post on Instagram
Тој ја основа групата „Сребрени крила“ во 1978 година, а нивните песни и денес се големи хитови.
Некои од најпознатите песни што ги отпеа Владо Калембер се „Вино на уснама“, „Ана“, „Закуни се љубави“, „Ја нисам коцкар, али губим“… Со Лепа Брена пееше и во песната „Југословенка“.
Популарниот Владо Калембер за неколку дена ќе наполни 71 година, а овој факт изненади многу негови обожаватели. Роден е на 26 април 1953 година во Струмица.