Музичката легенда Род Стјуарт ја зеде лопата в раце. Легендарниот рокер со соседите се фрли на поправка на улицата во неговиот крај.
„Ова е улица во близина на местото каде што живеам во Харлоу и таква е со години. Пред некој ден на возилото на Брзата помош ѝпукна гумата. Моето „ферари“ воопшто не може да помине тука. Затоа момците и јас решивме сами да ја поправиме. Значи, ние ги пополнуваме празнините на улицата додека милиони и милиони фунти се потрошени на автопатот М11“, се пожали Стјуарт во видеото што го објави на својот инстаграм-профил.
„Пополнувањето на дупките е добро за душата“, додаде тој во описот на видеото.
„Браво, Род“, „Немој само сериозно да се повредиш, купив билети за твојот концерт“, „Те сакаме легендо“, напишаа фановите во коментарите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм