Рочиште за судскиот процес „Меѓународен сојуз“ на Боки 13

302

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со воведни зборови.






Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

На минатото рочиште во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите, пак, се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Поврзани содржини