Роботското дуо „Дафт Панк“ престана да постои по 28 години ВИДЕО

550

Влијателното дуо од Париз „Дафт Панк“ официјално престана да постои.

По 28 години соработка, култни албуми и настапи, Томас Бангалтер и Гај-Мануел де Хомем-Кристо објавија на 22 февруари осумминутно видео на Јутјуб со симболичен наслов „Епилог“, а кога новинарите се обратија до нивната долгогодишна публицистка Катрин Фрејзер, таа кратко го потврдила распаѓањето на бендот, но не ги објасни причините.






Томас Бангалтер и Гај Мануел де Омем-Кристо прочитаа во пораката проштално збогување а потоа едниот се самоуништи. „Епилог“ го прикажува дуото во роботски костуми кои се разделуваат еден од друг среде пустина. Следува одбројување после што едниот од нив експлодира.

„Дафт Панк“ поседува некои од најпопуларните песни направени досега. Бендот е основан во Париз во 1993 година. Нивниот деби-албум „Homework“ од 1997 година беше обележје за танцувачката музика и се смета за еден од најуспешните во историјата на танцовата музика.

„Дафт Панк“ се автори на некои од најважните песни во историјата на електронската музика, а во своето 28-годишно постоење тие издадоа само четири официјални студиски албуми кои влијаеја на бројни музички насоки.

ФОТО: Википедија

Поврзани содржини