РОБОТИ ПРАВАТ АКРОБАЦИИ КАКО ЛУЃЕ Атлас трча, скока и прави паркур (ВИДЕО)
Единствената разлика е што за да ги прави овие акробации, роботот мора претходно да биде програмиран со точна „кореографија“, пишува Футуризам.
Не е првпат „Бостон Дајнамикс“ да нѐ изненади со своите човеколики роботи. Во најновото видео кое го објавија, нивниот Атлас може да трча, да скока над бездни и да прави паркур исто како професионален гимнастичар. Единствената разлика е што за да ги прави овие акробации, роботот мора претходно да биде програмиран со точна „кореографија“, пишува Футуризам.
Погледнете првото од двете видеа каде Атлас ги прави оние нешта кои се прават на часовите по физичко:
Според водачот на тимот, Скот Куиндерсма, за околу 20 години од сега нашите животи ќе бидат исполнети со роботи кои можат да се движат „со благодат, сигурност и да работат заедно со луѓето за да го збогатат нашиот живот“.
– Но, ние сме сѐ уште во раните денови на создавање на таа иднина – додава тој. – Се надевам дека ваквите демонстрации даваат мал поглед на она што е можно.
Атлас е хидрауличен робот и ја следи човечката анатомија. Всушност, ако напишете „Бостон дајнамикс“ на Јутјуб ќе можете да видите доста од нивните видеа.
Погледете го и второто видео каде во еден момент роботите Атлас на 2:20 заедно прават салто назад: