🎥 РОБОТИ ИМ СЕ ПРИКЛУЧИЈА НА МАРАТОНЦИТЕ ВО КИНА Еден хуманоид носеше црвена лента „Ќе победам“, друг падна, а трет беше со боксерски ракавици

Некои роботи, како Tiangong Ultra, ја завршија трката, додека, пак, други имаа потешкотии од самиот почеток. Еден робот падна на стартната линија и лежеше неколку минути пред да стане и да почне да трча. Едниот се судри со ограда откако претрча неколку метри.

162

Дваесет и еден хуманоиден робот им се придружија на илјадници учесници на полумаратонот Јижуанг во Пекинг, Кина, што го означи првиот пат машините да се натпреваруваат заедно со луѓето на трката, долга 21 километар.

Роботите од кинеските производители како „DroidVP“ и „Noetix Robotics“ доаѓаат во различни форми: некои се пониски од 120 сантиметри, а некои се високи до 1,80 метри. Една компанија се пофали дека нејзиниот робот изгледа речиси исто како човек, има женски карактеристики и може да намигнува и да се насмевнува.






Некои компании ги тестираа своите роботи неколку недели пред трката. Официјални лица во Пекинг го опишаа настанот како нешто повеќе како автомобилска трка со оглед на присутните инженерски и навигациски тимови.

– Роботите работат многу добро, многу стабилно… Се чувствувам како да сум сведок на еволуцијата на роботите и вештачката интелигенција – вели гледачот Хе Сишу.

Роботите беа придружувани од човечки инструктори, од кои некои мораа физички да им помагаат на машините за време на трката. Неколку роботи носеа чевли за трчање, еден имаше боксерски ракавици, а друг носеше црвена лента на која на кинески пишуваше „Сигурно ќе победам“.

Победничкиот робот беше Тиангонг Ултра од Центарот за иновации за хуманоидна роботика во Пекинг, завршувајќи ја трката за 2 часа и 40 минути. Што се однесува до мажите, победникот ја заврши трката за 1 час и 2 минути.

Некои роботи, како Tiangong Ultra, ја завршија трката, додека, пак, други имаа потешкотии од самиот почеток. Еден робот падна на стартната линија и лежеше неколку минути пред да стане и да почне да трча. Едниот се судри со ограда откако претрча неколку метри.

Иако роботи, слични на луѓе, се појавија на маратоните во Кина неколкупати во текот на изминатата година, ова е прв пат тие да се тркаат заедно со луѓе.

Кина се надева дека инвестициите во индустрии како роботиката ќе помогнат да се создадат нови двигатели на економскиот раст. Сепак, некои аналитичари се прашуваат дали учеството на роботите на маратони е сигурен показател за нивниот индустриски потенцијал.

Алан Ферн, професор по компјутерски науки, вештачка интелигенција и роботика на Универзитетот во Орегон, рече дека, спротивно на тврдењата на властите во Пекинг дека таквите трки бараат „пробив во вештачката интелигенција, софтверот за управување со хуманоидни роботи е развиен и воведен пред повеќе од 5 години.“

– Кинеските компании се фокусираа на прикажување на одење, трчање, танцување и други способности, поврзани со агилност. Како општо правило, ова се интересни демонстрации, но тие не покажуваат многу во начинот на корисна работа или каков било вид основна интелигенција – рече Ферн.

Танг, еден од директорите на Центарот за иновации, рече дека нивниот фокус во иднина ќе биде индустриската примена на хуманоидните роботи „за да можат вистински да влезат во фабрики, деловни средини и на крајот – во домаќинствата“.

Поврзани содржини