РОБОТИ ЌЕ ОТКРИВААТ КОЈ НЕ НОСИ МАСКА НА ЗОИ ВО КИНА Тие ќе се грижат и за дезинфекција на спортските терени
Со прскање атомизирана магла на земјата, роботот за дезинфекција може да дезинфицира дури 36 квадратни метри за 1 минута.
Роботи ќе се користат во спречување и справување со можни корона-зарази во спортскиот центар „Вукесунг“ во Пекинг, Кина, каде што ќе се одржат натпреварите во хокеј на мраз за претстојните Зимски олимписки игри, јавува Кинеската медиумска групација (КМГ).
Со прскање атомизирана магла на земјата, роботот за дезинфекција може да дезинфицира дури 36 квадратни метри за 1 минута. Батеријата може да издржи до пет часа. За помали површини, роботот дезинфицира со ултравиолетови зраци, за коишто се смета дека се поделотворни.
Друг робот има уред за бесконтактна дезинфекција на рацете, а може и да препознава луѓе кои не носат маски и да ги предупредува.