РОБИ ВИЛИЈАМС СТРАДА ОД ДЕПРЕСИЈА „Само тага и вознемиреност“
Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју откри дека на почетокот на годината страдал од тешка депресија. Тој вели дека тоа го изненадило бидејќи неговата последна „епизода“ се случила пред повеќе од 10 години.
– Годинава почна со навистина лошо ментално здравје, што не ми се случило долго време. Бев тажен, бев вознемирен, бев депресивен. Поминаа околу 10 години… Мислев дека дојдов на другата страна – емотивно призна пејачот.
Тој додаде дека мислел дека тоа е крајот на неговата приказна и дека само ќе прошета во некоја прекрасна земја.
– Бев збунет кога сето тоа се врати – призна пејачот.
Неговата исповед доаѓа набргу откако тој откри дека лошо се справува со здравјето на неговите родители – мајката Џенет има деменција, а на татко Пит му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.