Британскиот пејач Роби Вилијамс купил пет луксузни автомобили наеднаш, а верувале или не, нема возачка дозвола, ниту, пак, планира да ја има.
Вилијамс во текот на едно интервју признал дека како млад бил маѓепсан од автомобилите на музичката легенда Елтон Џон, па решил и тој самиот да си направи возен парк, иако нема возачка дозвола.
– Бев кај Елтон Џон и се одушевив од неговата гаража, во кои имаше „Ферари“, „Астон Мартин“ и уште неколку други луксузни автомобили. Бев млад и тоа страшно ме импресионираше. Истиот ден си нарачав пет автомобили за мене. По неколку дена се запрашав зошто ми требаше сето тоа, па набрзо ги продадов – раскажал Вилијамс во едно интервју за британско радио и многумина насмеал до солзи.
Инаку, Вилијамс додал и дека возењето никогаш не го интересирало, па затоа и никогаш не пологал за возачка дозвола. Тој вели дека веројатно нема и никогаш да положи сѐ додека го вози некој друг.