Робињо на „робија“ 9 години
Робињо во 2013 година со уште пет други луѓе учествувал во силување на Албанка која што го прославувала својот 23-ти роденден во познат милански клуб.
Познатиот бразилски фудбалер Робињо доби потврда за затворска казна од девет години поради силување на девојка со албанско потекло, во Милано 2013 година.
Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, бил пријавен уште во 2013 година за силување, но неговата фудбалска кариера го отежнуваше судењето.
Инаку, тој играше во различни држави, не бил апсен досега, но исто така не се појавувал ниту на закажаните рочишта во судот.
Во меѓувреме миланскиот суд донесе пресуда во негово отсуство, а следела и жалба на второстепената казна кон крајот на минатата година.
Сепак, жалбениот суд во Милано во вторникот повторно ја потврди казната за Робињо која што беше изречена во декември 2020 година.
Причините кои што биле наведени во судот за тоа, е дека „фудбалерот учествувал во групно силување на девојки во ноќен клуб, брутално понижувајќи ги“, наведува италијански „La Republica“.
Но, ниту тука нема да биде крајот затоа што одбраната на Робињо сега има рок од 45 дена да се жали во Врховниот касационен суд.
Робињо во 2013 година со уште пет други луѓе учествувал во силување на Албанка која што го прославувала својот 23-ти роденден во познат милански клуб.