РОБЕРТО КАВАЛИ ДОБИ ШЕСТО ДЕТЕ НА 82 ГОДИНИ Се породи неговата 45 години помлада сопруга (ФОТО)
Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали го доби своето шесто дете, по породувањето на сопругата која има 38 години.
Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали го доби своето шесто дете, по породувањето на сопругата која има 38 години.
Модниот дизајнер Роберто Кавали веќе има пет деца од претходните два брака, а сега доби и шесто дете со 45-годишната сопруга Сандра Нилсон, поранешен шведски модел на „Плејбој“.
За време на интервју за италијанското списание „Новела 2000“, модниот дизајнер зборувал за сопругата и детето.
„Сандра е добро, бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по раѓањето.“
View this post on Instagram
Кавали тогаш откри дека го избрале името Џорџо за нивниот син, во спомен на неговиот татко, кој нацистите го убиле на крајот на Втората светска војна.
„Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми… кој беше застрелан од нацистите во масакрот во Каврија кога имав четири години“, рекол познатиот дизајнер.
View this post on Instagram
Роберто Кавали доби две деца, Томазо и Кристина, со својата прва сопруга Силванела Џанони, со која се ожени во 1964 година, а парот беше во брак 10 години.
Потоа, креаторот повторно се ожени во 1980 година, а негова втора сопруга е австриската модна дизајнерка Ева Марија Тинер. Во бракот со дизајнерката, Кавали доби три деца, Роберт, Рахел и Даниела. Двојката се разведе во 2010 година, а Роберто започна врска со манекенката Сандра Нилсон во 2014 година.
Во 2015 година, Роберто Кавали купи приватен остров за неговата сопруга Сандра во нејзината родна земја Шведска.