Роберто Баџо заработуваше милиони, а погледнете каков автомобил вози (ФОТО)
Иако во својата кариера заработуваше милиони, Баџо останал верен на својот стар Фиат.
Додека актуелните и поранешни фудбалски ѕвезди возат брзи и скапи автомобили, легендарниот Роберто Баџо вози стар модел на Фиат Панда, чија вредност изнесува само неколку стотици евра.
Ќерката на славниот Италијанец ја објави фотографијата на социјалните мрежи и таму се гледа како нејзиниот татко стои покрај старата „Панда“, а токму таа фотографија предизвика бројни позитивни реакции кај јавноста.
Иако во својата кариера заработуваше милиони, Баџо останал верен на својот стар Фиат.
Тој во минатото играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша. За селекцијата на Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 голови.
La foto di Roberto Baggio postata dalla figlia Valentina: «Quindi dio ha una Panda 4X4» https://t.co/lV6fDjOZv2 pic.twitter.com/uzdxYDZXo8
— Corriere della Sera (@Corriere) October 11, 2020