РОБЕРТ ДЕ НИРО СО ПОГРДНИ ЗБОРОВИ ЗА ТРАМП ВО КАН Го нарече глупав, умислен дека е паметен

Американскиот актер Роберт де Ниро (79) на Филмскиот фестивал во Кан зборуваше за улогата на негативец во филмот „Убијци на цветната Месечина“, а покрај тоа го искритикува и поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76).

1,402

Американскиот актер Роберт де Ниро (79) на Филмскиот фестивал во Кан зборуваше за улогата на негативец во филмот „Убијци на цветната Месечина“, а покрај тоа го искритикува и поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76).

Во филмот, Де Ниро го игра сточарот и убиец Вилијам Хејл, кој се спријателил со луѓето од Осаж во текот на 1920-тите, а потоа го наредил нивното убиство за да ја украде нивната земја богата со нафта.






– Не разбирам како можел да ги издаде. Сепак, по убиството на Џорџ Флојд, станавме свесни колку е опасен расизмот. Ова е баналноста на злото и тоа е нешто на што мора да внимаваме. Сите знаеме за кого зборувам, нема да го кажам неговото име – изјави Де Ниро.

Потоа, актерот почнал да го навредува Доналд Трамп.

– Тој човек е глупав. Мисли дека е паметен. Дури и Хејл беше паметен на многу начини – рекол тој.

Лили Гледстон (36), која глуми членка на племето Осаж, рекла дека членовите на племето Осаж сепак присуствувале на погребот на Вилијам Хејл, негирајќи ја неговата вмешаност во бруталните убиства на членовите на племето.

По што Де Ниро повторно почнал да го навредува Трамп.

– Истата ситуација како и со Трамп. Има луѓе кои мислат дека тој може добро да ја извршува работата. Замислете колку е лудо – рекол актерот.

Инаку, филмот „Убијци на цветната Месечина“, (Killers of the Flower Moon“), го режираше Мартин Скорсезе (80). Сценариото го напиша заедно со Ерик Рот (78), а се базира на истоимената книга од 2017 година на Дејвид Гран (56).

Поврзани содржини