📽 РОБЕРТ ДЕ НИРО РАСПАЛИ ПО ТРАМП ПРЕД НЕГОВИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ Ни тој не му остана должен, го нарече актерот патетичен лудак

Ние њујорчаните го толериравме кога тој беше само уште еден посран продавач што се преправаше во голема ѕверка - рече Роберт де Ниро за Доналд Трамп.

598

Познатиот холивудски актер Роберт де Ниро одржа прес-конференција на која жестоко го осуди Доналд Трамп пред неговите поддржувачи во Њујорк.

– Ние њујорчаните го толериравме кога тој беше само уште еден посран продавач што се преправаше во голема ѕверка. Го сакам овој град. Не сакам да го уништам. Доналд Трамп сака да го уништи не само градот, туку и земја и, на крајот, би можел да го уништи светот – распали Де Ниро.






Набрзо по неговиот говор, сега стигна одговорот од Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател го нарече актерот „патетичен лудак“. Тој изјави дека филмовите на Де Ниро не се квалитетни откако тој се приклучи на кампањата на претседателот Џозеф Бајден и оцени дека актерот изгледал „патетично и тажно“ за време на прес-конференцијата, пренесува Fox News.

„Никогаш не знаев колку е мал, и психички и физички, лудиот поранешен актер Роберт де Ниро. Денес, Де Ниро, кој боледува од неизлечива состојба, пред судот го пречека сила многу поголема од радикалната левица – MAGA (Make America Great Again)“ – објави Доналд Трамп на социјалните мрежи.

Поврзани содржини