📷 🎥 РОБЕРТ ДЕ НИРО ГО ПРОСЛАВИ 81. РОДЕНДЕН СО СКОК ВО МОРЕТО Годините ништо не му можат на оскаровецот
Оскаровецот скокна од јахта на главата и покажа дека годините не му претставуваат голем проблем. Неговата ќерка Дрена Де Ниро го сподели видеото на Инстаграм.
Холивудскиот актер Роберт Де Ниро во саботата на посебен начин го прослави својот 81 роденден.
Оскаровецот скокна од јахта на главата и покажа дека годините не му претставуваат голем проблем. Неговата ќерка Дрена Де Ниро го сподели видеото на Инстаграм.
Дрена по повод роденденот на де Ниро објави и неколку фотографии. Некои го прикажуваат како скока во морето, додека други го прикажуваат Де Ниро во младоста.
View this post on Instagram
„Среќен роденден на најдобриот актер на светот“, „Најсилен е, секоја чест“, „Преслатки сте“, се само некои од коментарите под видеото.
Инаку, на 79-годишна возраст, Де Ниро го дочека седмото дете со својата 35 години помлада партнерка Тифани Чен. Актерот во една прилика изјави дека ужива во улогата на татко, но дека искуството е поинакво од она со неговите поголеми деца и внуци.
– Сè е поинаку. Не разговарам со возрасните деца како што зборувам со моето бебе или со 11-годишната, иако таа е мошне паметна – рекол тој.
Де Ниро и Чен се запознале во текот на снимањето на комедијата „Приправник“ од 2015 година, во која Чен глумела инструкторка по таи чи. Тие официјално се во врска од 2021 година.