РИВАЛ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПОЦРВЕНЕЛ ОД СРАМ Десничарот од АФД не знаел ниедна германска песна! ВИДЕО
За срамот да биде уште поголем, пред да биде прашан за песната, младиот Тино рекол дека „Алтернатива за Германија“ сака во училиштата да се учат повеќе германски народни песни и поеми и дека германските писатели и мислители треба повеќе да се ценат, пренесува „Hina“.
Тино Крупала, лидерот на десничарската „Алтернатива за Германија“, или скратено АФД, не можел да се сети на ниту една германска национална песна, а потоа поцрвенел од срам во телевизиско интервју, пишува Точка. АФД важи за опозициска партија која поддржува дури и распад на ЕУ, анти-мигрантски политики и важи за вистински ривал на ЦДУ на Ангела Меркел и нејзината широка коалиција.
За срамот да биде уште поголем, пред да биде прашан за песната, младиот Тино рекол дека „Алтернатива за Германија“ сака во училиштата да се учат повеќе германски народни песни и поеми и дека германските писатели и мислители треба повеќе да се ценат, пренесува „Hina“.
Es ist wie Sarah Palin nach ihrer Zeitungslektüre zu fragen. Oder Donald Trump nach seiner liebsten Bibelstelle. pic.twitter.com/zIuDXzkhL1
— Anton Rainer (@antonrainer) September 11, 2021
На следното прашање, кој е негов омилен писател, Тино успеал да се „извади“ со името на Хајнрих Хајне, еден од најпознатите германски писатели – што и не е баш импресивен одговор. Како да кажете дека омилен руски писател ви е Достоевски, не?
Сè се случувало на нацоиналната телевизија ЗДФ, а програмата била всушност, за деца. Младиот репортер кој го интервјуирал Тино бил студент и појаснил дека го прашува Тино за германските песни бидејќи учениците во Германија мораат да научат напамет голем број на песни од германски автори. Дали македонските ученици учат напамет песни од Рацин, Конески или можеби Радован Павловски? Химната?
Еден корисник на Твитер прокоментирал дека да го прашате лидерот на екстремната десница АФД, Тино Крупала, за омилена германска песна е исто како да го прашате поранешниот американски претседател и десничар Доналд Трамп кој му е омилен цитат од библијата.
Инаку телевизијата ЗДФ во Германија прави вакви тешки интервјуа со сите лидери на партии кои имаат амбиција да станат парламентарни, а прашањата се од областа на културата.