Рита Ора исфрлена од популарното шоу поради кршење на епидемиолошките мерки

450

Пејачката Рита Ора нема да добие нов ангажман во новата сезона на шоуто „The Masked Singer“, каде беше една од членовите на жирито во споменатото шоу. Наводно продуцентската куќа на шоуто не сака да продолжи да соработува со неа затоа што ги прекршила епидемиолошките мерки, и тоа два пати.

Таа најпрво отпатува за Египет каде имаше настап во хотел со пет sвезди, а по враќањето во Велика Британија, наместо да биде во изолација, пејачката организираше тајна роденденска забава каде покани голем број свои пријатели.






– Толку многу напор се вложува да се осигураме дека секој што учествува во шоуто е безбеден и многумина се чувствуваат изневерено од начинот на кој се однесуваше Рита – рекол изворот.

Сепак, извор близок на Рита тврди дека причината што Рита нема да се појави во новата сезона на шоуто е тоа што прифатила втор ангажман.

„Општо е познато дека таа е во Австралија и ќе го снима шоуто „Гласот“ во следните неколку месеци“, рече изворот.

Но, она што следбениците го забележаа е голема промена на официјалниот профил на познатата пејачка на Инстаграм.

Пред шест дена, Рита ги избриша сите свои објави на Инстаграм, а на нејзиниот профил сега може да се видат само објави поврзани со новата песна, што треба да излезе на 12 февруари.

Британската полиција неодамна ја нарече пејачката „себична“ затоа што во ноември таа одржа затворена забава по повод нејзиниот 30-ти роденден во ресторанот „Каза Круз“.

Поврзани содржини