Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев денеска во Амстердам ќе го одигра последниот меч во дресот на нашата репрезентација, а таа негова одлука многу тешко му падна на Стефан Ристовски.
Тој не можеше да ги запре солзите поради тоа што за последен пат ќе игра заедно со големиот Пандев, кој, пак, како голем капитен и џентлмен, дојде да го утеши помладиот колега.
