Ристовски е нов играч на загрепските „модри“: Горд сум што сум дел од Динамо (ВИДЕО)
Сумата за која Динамо го откупи Ристовски од лисабонски Спортинг засега е непозната, а неговата моментална вредност според „Transfermarkt“ изнесува 3 милиони евра.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски потпиша за Динамо Загреб, каде што му се приклучи на сонародникот Аријан Адеми.
– Горд сум и среќен што сум дел од Динамо. Големо е задоволството да се потпише за еден таков клуб кој има најмногу титули во Хрватска и редовно игра во Европа, и тоа со голем успех. Да, го знам Адеми, тој е мој соиграч од репрезентацијата на Македонија, а тука се неколку мои некогашни соиграчи. Тоа уште повеќе ме радува. Имам искуство од играње против Динамо, но сега ќе настојувам со квалитетни игри да ја оправдам довербата која ми е дадена од страна на раководството на клубот – изјави Ристовски.
Сумата за која Динамо го откупи Ристовски од лисабонски Спортинг засега е непозната, а неговата моментална вредност според „Transfermarkt“ изнесува 3 милиони евра.
Тој сезонава нема ниту еден настап за зелено-белите од Лисабон откако за преме на предсезонските подготовски имаше кавга со тренерот. Клубот потоа инсистираше да го продаде, стигна понуда од руски клуб која Стефан не ја прифати, па клубот за казна го прекомандува да тренира со вториот тим.
Пред да замине за Спортинг во 2017 година Ристовски две сезони настапуваше во хрватската лига, но бранејќи ги боите на Ријека со која освои трофеи во лигата и купот. Сега доаѓа во лутиот ривал на неговиот поранешен клуб каде ќе игра зеадно со неговиот колега од репрезентацијата на Македонија, Аријан Адеми, кој пак е капитен на „Модрите“.
Хрватските медиуми го претставија Ристовски во дресот на Динамо, а македонскиот репрезентативец веќе го даде и првото интервју за хрватскиот гигант, кое може да го погледнете во продолжение.