Ристовска по пронаоѓањето на хаските Зоне и Астра: Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни!

2,579

Обвинителката Ленче Ристовска преку Фејсбук се заблагодари за пронаоѓањето на двете слепи кучиња хаски Зоне и Астра кои беа украдени синоќа.

– Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки! – напиша Ристовска.






Фото: ФБ Ленче Ристовска

Поврзани содржини