РИСТОСКА Е НАВИКНАТА НА ПОДОБНОСТА ОД ВРЕМЕТО НА СЈО И во „Мамас“ имале подобри критериуми за избор на кадар, отколку во Специјалното обвинителство, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ѝ порачуваме барем да биде реална и искрена и додека говори јавно за подобност и за критериуми и глуми, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Не е ова СДСМ и СЈО. Тоа време помина, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на обвинителката Ристоска.

13

Обвинителката Ленче Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за позицијата државен јавен обвинител и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во Специјалното јавно обвинителство каде таа беше десна рака на Катица Јанева, тоа овој пат не е случај, одговори ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на Ристоска.

„Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност и одговорност. Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна, пак, што ист човек во својата приватна фирма („Мамас“) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку, мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристоска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






И за крај, се додава, порачуваме барем да биде реална и искрена и додека говори јавно за подобност и за критериуми, и глуми, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е ова СДСМ и СЈО. Тоа време помина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќа премиерот Христијан Мицкоски изјави дека обвинителката Ристоска не е на листата на обвинители од кои Владата ќе предложи државен обвинител до Собранието.

На оваа изјава денеска реагираше обвинителката Ристоска:

„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, вели Ристоска.

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен обвинител

Поврзани содржини