Ристо Лазаров ја заокружи едицијата „Прашки ракописи“

300

Издаваштвото „Везилка2011“ го заокружи издавањето на едицијата „Прашки ракописи“ на авторот Ристо Лазаров.

Последните наслови во едицијата што содржи десет книги се: „Јесенска – име на љубовта и слободата“, „Сајферт – нобеловецот од прашкиот Монмартр“ и „Кундера – неподносливата леснотија на постоењето“.






Во едицијата на „Прашки ракописи“ се објaвени и насловите: „Цветаева во Прага“, „Незгасливи чешки пламени“, „Главата на Кафка“, „Процесот Слански и други чешки судбини“, ,„Храбал – тажниот крал на чешката книжевност“, „Хашек – Добриот војник Швејк“ и ,„Чашек – книжевна легенда“.

Лазаров ќе подари дел од колекциите на ,„Прашките ракописи“ на Народната библиотека во Прага, како и на чешкиот ПЕН. 

Поврзани содржини