Ристески: Неспособната власт нѐ остави без вакцини, а ковид-кризата ги изненади како снег во јануари
Toj додаде дека покрај толкави бројки на заразени и речиси 3.000 починати не смееше власта да си дозволи да нема план за вакцинација, ниту пак усогласен Закон за увоз на вакцините и да чека до последен момент да го стори тоа.
Вакцинацијата е уште еден показател за неспособноста на оваа влада. Ова што сега ни се случува е исто како да не изненади снегот во јануари, тоа значи дека покрај една година корона криза, дури сега се сетија дека треба да извршат адаптизација на законот за да се увезат вакцини, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во 24 Анализа на ТВ24.
Ристески додаде дека покрај толкави бројки на заразени и речиси 3.000 починати не смееше власта да си дозволи да нема план за вакцинација, ниту пак усогласен Закон за увоз на вакцините и да чека до последен момент да го стори тоа.
– Фактите се дека во моментов Македонија е единствена во Европа која заедно со Косово, нема вакцини, потоа планот за вакцинација е донесен дури кон крајот на јануари 2021 година иако во Македонија имаме пандемија една година. Законот за регистрација на лекови, што е предуслов за увоз на вакцини го донесовме пред некој ден. Каде се оние 800.000 дози за кои власта кажа дека се авансно исплатени, каде се исплатени, каде се парите и каде се вакцините, ако се авансно исплатени, треба да ги имаме? Гледаме дека ги нема, па се свртеа кон Кина која беше стигматизирана претходно – потенцираше Ристески.
Според Ристески министерот Венко Филипче досега требаше да си поднесе оставка не само за тоа што Македонија е последна со вакцинација туку и дека од Американскиот научен и здравствен совет беше посочена како земја која ги лажира извештаите.
– Македонија е посочена од Американскиот здравствен и научен совет како една од земјите кои дала лажни информации, лажни бројки и извештаи во однос на ковид-19. Македонија е во земјите кои си дозволиле да ги лажираат извештаите – изјави Ристески.
Во своето гостување во 24 анализа, Ристески, посочи дека уште од самиот старт погрешна е прогнозата и стратегијата за справување со ковид-19 од страна на Министерот Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.
– Постојано ни стигнуваат негативни извештаи во рамки на справување со Ковид кризата. Имунизацијата и вакцинацијата е уште доказ за неспособноста на актуелната власт. По една година, Владата сега направи адаптација за законската регулатива, која беше клучна за набавката на вакцините. Македонија и Косово се единствените земји кои не го започнале процесот на вакцинација. Заев и Филипче до неодамна и се потсмеваа на Србија и тврдеа дека сме лидери во подготвеност во рамки на овој процес. Ги слушнавме за приказните за Грција и Бугарија, па потоа „ни удри“ шлаканица и Србија. Ние како здравствени влсти, недозволиво е да немаме план за вакцинација – истакна Ристески.