„РИО ТИНТО“ ГО ЗАПРЕ ПРОЕКТОТ ЗА ИСКОП НА ЛИТИУМ ВО СРБИЈА Не ги добил потребните дозволи за отворање на рудникот

Во меморандумот испратен оваа недела компанијата вели дека проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран), што не значи дека компанијата го напушта проектот туку дека ќе прави сеопфатна проценка на трошоците и ресурсите во рамките на проектот.

85

Британско австралиската рударската компанија Рио Тинто го одложи проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија, пишува Блумберг кој тврди дека имал увид во текстот на меморандумот испратен од компанијата до српската влада.

Според меморандумот испратен оваа недела, проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран).






„Со оглед на недостатокот на напредок со дозволите, не сме во позиција да го одржиме истото ниво на распределба на трошоци и ресурси“, се вели во меморандумот.

Тоа, сепак , не значи дека компанијата ќе го напушти проектот туку дека компанијата ќе прави сеопфатна проценка на трошоците и ресурсите во рамките на проектот.

Портпаролот на концернот ја потврди содржината на меморандумот, но одби да даде понатамошен коментар.

Проектот веќе неколку години се соочува со протестите на граѓаните кои се против рудникот, но и со низа законски пречки за негово реализирање.

Областа инаку има богати резерви на литиум.

Рио Тинто е присутен во Србија повеќе од 20 години и досега има инвестирано над 700 милиони долари во проектот Јадар.

Наоѓалиштето Јадар, како и самиот минерал јадарит, беа откриени во 2004 година и именувани по реката Јадар.

Проектот „Јадар“ на компанијата „Рио Тинто“ беше вклучен во листата на стратешки проекти за суровини за ЕУ ​​во трети земји, беше објавено во Брисел ова лето.

На листата, која ја презентираше потпретседателот на Европската комисија, Стефан Сежурне, покрај проектот „Јадар“, се наоѓаат уште 12 проекти за експлоатација на никел, графит, литиум и други суровини во Канада, Норвешка, Украина, Казахстан, Замбија, Бразил, Јужна Африка, Малави, Велика Британија, Мадагаскар, Гренланд, Нова Каледонија.

Поврзани содржини