Рио Фердинанд по четврти пат стана татко
На Кејт ова и е првото дете, славиот англиски дефанзивец пак го доби четвртото дете. Рио од бракот со сопругата Ребека која почина пред 5 години од карцином ги има децата Лоренцо, Тејт и Тиа.
Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд и неговата сопруга, екс реалити ѕвездата Кејт добија син.
На Кејт ова и е првото дете, славиот англиски дефанзивец пак го доби четвртото дете. Рио од бракот со сопругата Ребека која почина пред 5 години од карцином ги има децата Лоренцо, Тејт и Тиа.
Инаку, Кејт и Рио по две години врска минатиот септември стапија во брак. Атрактивната Кејт тогаш изјавила дека „се водела вистинска битка“ како 13 годишниот Лоренцо, две години помладиот Тејт и 8 годишната Тие да ја прифатат.
За животот на Рио и Кејт е снимено и реално шоу под името „Рио и Кејт“.