🎥 РИНГИШПИЛОТ СЕ СКРШИ НА ПОЛОВИНА За влакно избегната трагедија во Саудиска Арабија
Според информациите што ги доби саудискиот портал Сабк од извори блиски до истрагата, инцидентот се случил додека група девојчиња уживале во возењата на вртелешка позната како „360“.
Во инцидент што се случил вчера вечерта во саудискиот град Таиф, еден од реквизитите во забавен парк во областа ал-Хада одеднаш се сруши, при што беа повредени 23 лица, меѓу кои и неколку девојчиња. Три лица се сериозно повредени.
Според информациите што ги доби саудискиот портал Сабк од извори блиски до истрагата, инцидентот се случил додека група девојчиња уживале во возењата на вртелешка позната како „360“.
Одеднаш, системот во луна паркот се срушил и машината на која се возеле се скршила на половина и паднала. На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види моментот на уривањето, како и вресоци на шокираните девојчиња, како и посетителите на забавниот парк кои во тој момент биле во близина на машината за која станува збор.
Надлежните служби за безбедност и итни случаи реагирале веднаш откако бил пријавен инцидентот и пристигнале на местото на настанот. Повредените биле однесени во болница за да ја добијат потребната медицинска помош, а властите започнале итна истрага за да ги утврдат околностите и причината за падот.
Еден од роднините на повредениот изјавил за Сабк дека двајца негови роднини претрпеле сериозни повреди и моментално се на интензивна нега.
Видеото погледнете го ТУКА.