РИНГИШПИЛОТ ПОВТОРНО ЌЕ ВРТИ До крајот на летото Скопје добива Луна парк

Имаме веќе наследено 7 реквизити кои треба да се постават согласно претходно склучени договори и истите се задржани во проектното решение. Дополнително има 20 нови реквизити кои треба да се тендерираат и да се набават, информираа од Градот.

1,003

На денешниот брифинг со новинарите, градоначалничката на Град Скопје соопшти дека проектната документација за Луна паркот се изработува, седум реквизити веќе се набавени од претходната градска власт и се дел од проектната документација, а исто така во план е набавка на 20 нови реквизити.

– За Луна паркот имаме проектна документација која се изработува, изработувачот треба во наредниот месец да ја достави комплетна. Имаме веќе наследено 7 реквизити кои треба да се постават согласно претходно склучени договори и истите се задржани во проектното решение. Дополнително има 20 нови реквизити кои треба да се тендерираат и да се набават – информираа од Градот.






Од Градот се обезбедени се средства и за партерното уредување и најверојатно по Нова година ќе се отпочне со работа. Набавените реквизити ќе бидат поставени што е можно поскоро и како што ќе пристигнуваат новите, така тие ќе бидат поставувани во Луна паркот, a според очекувањата истиот би требало да започне со работа кон крајот на летото.

Поврзани содржини