🎥 РИБАРОТ ПЕРО ГО ОДНЕСЕ СТОЈАНЧЕ НА КОЗЈАК ЗА ДА МУ РАСКАЖЕ ЗА ИНФАРКТОТ „Живеам втор живот благодарение на 112“

Јаневски истакнува дека граѓаните треба да знаат дека преку 112 се спасуваат животи. Рибарот Перо Јаневски истакнува дека граѓаните треба да знаат дека преку 112 се спасуваат животи. Затоа решил да ја сподели неговата драматична приказна со јавноста, за да знаат и другите како да реагираат при опасен случај за нив.

923

Перо Јаневски, скромен и срдечен жител на Општина Аеродром, инаку пасиониран риболовец му прати порака на Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК: „ТРЕБА ДА СНИМИТЕ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ СО НАС СПАСЕНИТЕ, БЛАГОДАРНОСТ ОД 112.

– Инфаркт… борба за живот… во првиот можен миг се јавил на 112 во ЦУК… а бил сам далеку во прекрасната дивина на Македонија при обичен ден за рекреација, на риболов на Езеро Козјак, уживајќи како пасиониран риболовец во успешниот риболов… – раскажуваат од ЦУК.






Но, овој обичен ден за Јаневски се претворил во драматичен ден за него, а редовен за институциите од Системот за управување со кризи…

Тој, денес е веќе закрепнат од драматичниот настан, кога бил сам и во опасна животозагрозувачка итна ситуација далеку во дивината на Македонија на риболов, на вливот на реката Треска во Езеро Козјак.

Јаневски истакнува дека граѓаните треба да знаат дека преку 112 се спасуваат животи.

Затоа решил да ја сподели неговата драматична приказна со јавноста, за да знаат и другите како да реагираат при опасен случај за нив.

– Ова особено треба да го знаат повозрасните граѓани и со здравствени проблеми. Треба неодминливо да го знаат бројот 112, ако одат некаде сами во природа, далеку од населени места, како телефонски број што им овозможува да побараат на многу едноставен начин помош, со што се бележи и нивната локација од каде што се јавиле за помош – објаснува Јаневски.

Поврзани содржини