Ријана упаднала на протест, луѓето во неверување: Тоа си ти? ВИДЕО

1,029

Во понеделникот во Њујорк беше одржан протест под називот „Stop Asian Hate“ (Престанете да ги мразите Азијците), на кој во инкогнито издание, со маска на лицето и големи очила за сонце, учествувала светски познатата пејачка Ријана.

Еден од учесниците ја снимил и побарал од пејачката да му го даде нејзиниот инстаграм-профил за да може да ја „тагне“.






Ријана се согласила и го впишала своето име на неговиот мобилен телефон, а момчето останало во неверување бидејќи не ја препознало ѕвездата.

„Тоа си ти?“, ја прашал шокирано, а Ријана гласно се насмеала.

Целата ситуација е снимена и станала вирална на социјалните мрежи.

На снимката се слуша и како Ријана објаснува зошто името го впишувала малку неспретно, со зглобовите од прстите наместо со јагодиците.

„Имам големи нокти“, му објаснила на момчето.

Ријана на протестот се придружила без најава, се „стопила“ во масата и танцувала на музиката која свирела во позадина. Била со нејзината асистентка Тина Труонг, која сето тоа го снимила за Инстаграм.

Инаку, во Америка омразата кон Азијците е горлива тема, а протестите биле предизвикани од настаните од минатиот месец во Атланта, кога во салон за масажа беа убиени осум лица, од кои шест биле жени со потекло од Азија.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини