Сексапилната пејачка Ријана сака да објавува голи фотографии на социјалните мрежи, а тоа многу ѝ помага во рекламирањето на нејзината линија за долна облека.
Таа објави фотографија на која носи само бели боксерки и малку накит, а за само еден ден објавата им се допадна на повеќе од 9 милиони луѓе.
Нејзината модна линија „Фенти“ е ставена во мирување по само две години постоење, пишува Би-би-си.
Модните аналитичари велат дека иако пејачката има огромна база на обожаватели, цените на производите на нејзиниот бренд, сепак, се премногу високи за повеќето од нив.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм