Ријана сака неколку деца, па макар и сама да ги израсне

344

Поп-пејачката Ријана се најде на насловницата на мајскиот број на британското списание „Вог“, а во интервјуто зборува за своите планови и за иднината.

Популарната Ри-Ри е снимена во бел костум и црна марама на главата, која ја симболизира културата на Афроамериканците. Пејачката е прва што воопшто во ваков стил се сликала за списанието. Автор на сликата е Стивен Клајн.






– Знам дека сакам да живеам поинаку. И основната разлика на тој нов живот ќе бидат децата. За 10 години ќе имам три или четири деца – вели Ријана.

Во интервјуто Ријана раскажува и за стереотипите во општеството, со кои таа се судира.

– Гледам како општеството ги осудува жените, велејќи им „Ти сѐ погрешно правиш“… Тоа ве омаловажува како мајка, ако вашите деца немаат татко, на пример. Но единственото нешто кое е вистински важно е среќата. Тоа се здравите односи меѓу родителите и децата. Единственото што може вистински да ги воспита децата е љубовта. Ако не го сретнам вистинскиот маж, ќе ги одгледам сама – истакнува таа.

Околу нејзиниот следен албум, Ријана не може да појасни кога тој ќе излезе, но вели дека активно работи на него.

– Не сакам моите албуми да бидат исти. Без никакви правила и формати… Просто – добра музика, и ако ја чувствувам, веднаш ја преточувам во дела – објаснува уметничката.

Поврзани содржини