РИЈАНА ИЗНАЈМИЛА КУЌА ЗА ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ Не морам да ја исплаќам хипотеката, вели сопственикот

Пејачката Ријана за неверојатни половина милион долари изнајмила вила на една недела за време на „Супербол“, каде што настапи за првпат по долго време.

447

Пејачката Ријана за неверојатни половина милион долари изнајмила вила на една недела за време на „Супербол“, каде што настапи за првпат по долго време.

Спиро Маласпинас и го изнајмил на Ријана својот имот и вила со пет соби, кои ги купил во 2022 година за 7,3 милиони долари, во неделата пред Суперболот, а за „Волстрит журнал“ објаснил дека немал апсолутно никакви проблеми со иселувањето од својот дом.






„Јас сум се, но не сум некој крал на недвижности. Не сум премногу горда и суетна личност, немав проблем да се отселам од мојата куќа една недела за половина милион долари“, рекол 48-годишниот Спиро.

„Моите 13-годишни ќерки беа апсолутно воодушевени“, рекол Маласпинас, додавајќи дека нема да мора да ја плаќа хипотеката најмалку две години.

Потсетуваме, пејачката по настапот потврди дека е бремена по вторпат, а за време на настапот неколкупати го допираше својот стомак.

Ријана настапи со пеење и танцување на пловечки платформи, кои полека се спуштаа кон тревникот, каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен костим, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчари облечени во бели тренирки.

Поврзани содржини