РЕЗУЛТАТОТ ЌЕ БИДЕ 22:6 ЗАВРШИЈА ШМИЗЛИТЕ И ЛАВОВИТЕ Заев се фали дека е добро информиран кој ќе победи

Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите. Ова се времиња на ведри луѓе, дрвја и паркови, рече Заев.

1,118

Нашиот политички противник ќе победи во шест општини, ќе добие шест градоначалници, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе. Резултатот ќе биде 22:6 во првиот изборен круг. Слушајте ме внимателно, добро сум информиран, изјави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Автокоманда.

Заев истакна дека времето на ВМРО-ДПМНЕ со, како што рече, „лавовите, биковите и шмизлите“, е завршено. Сега е време на современи, модерни и европски општини, на развиена и европска држава, оцени тој.






„Градиме држава, општини, го слушаме гласот на граѓаните. Не е нормално да поставуваш лавови, бикови и шмизли, а да продаваш конзервативни вредности и наводна чесност зад која се кријат криминални апетити. Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите. Ова се времиња на ведри луѓе, дрвја и паркови, безбедни булевари и улици, детски насмевки во современи градинки, мотивирани ученици во современи школи, ова се времиња на автентична урбана култура и на европски општини“, рече Заев.

Поврзани содржини