РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА Е ОДБРАНА НА ПРАВАТА НА ЖРТВИТЕ Комесарот за човекови во Советот на Европа права предлага одбележување на 11 јули 

Меѓународните судови утврдија дека е извршен геноцид во Сребреница во 1955 година. Широкото негирање на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници во регионот на поранешна Југославија го загрозуваат владеењето на правото, мирот и социјалната кохезија - истакнува Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О'Флаерти.

146

Означувањето на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година е знак дека светот нема да ја сврти главата пред лицето на негирањето, дека ќе застане во одбрана на човековите права на жртвите и преживеаните, рече Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти како реакција на резолуцијата усвоена во Генералното собрание на ОН.

О’Флаерти го повика Советот на Европа и неговите земји-членки секоја година да го одбележуваат 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година, објави кабинетот на комесарот.






„Меѓународните судови утврдија дека е извршен геноцид во Сребреница во 1955 година. Широкото негирање на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници во регионот на поранешна Југославија го загрозуваат владеењето на правото, мирот и социјалната кохезија“ – се вели во изјавата на комесарот.

Поврзани содржини