РЕЗОЛУЦИЈАТА ПРОЈДЕ БЕЗ ВОЗДРЖАНИТЕ РУСИЈА И САД Обединетите нации гласаа за зголемување на помошта за Газа и за ослободување на заложниците
Русија во последен момент претстави амандман за итен прекин на војната непосредно пред гласањето, но тој беше блокиран од САД. Во текот на гласањето и Русија и САД беа воздржани. Сите други земји гласаа „за“.
Членовите на Советот за безбедност на ОН усвоија резолуција за Газа, по неколкудневни преговори за да се избегне американското вето. Резолуцијата бара повеќекратно зголемување и надзор врз хуманитарната помош во Газа, но и итно ослободување на заложниците киднапирани за време на нападот на 7 октомври во јужен Израел.
Русија во последен момент претстави амандман за итен прекин на војната непосредно пред гласањето, но тој беше блокиран од САД. Во текот на гласањето и Русија и САД беа воздржани. Останатите 13 земји од Советот за безбедност гласаа „за“.
Дописник за Би-Би-Си во ОН во Њујорк рекол дека некои арапски нации веруваат дека резолуцијата им отстапила премногу на САД и на Израел. Ова е поради фактот што резолуцијата, меѓу другото, не бара итен прекин на војната и на огнот, прашање околу кое се кршеа копјата.
Текстот на резолуцијата го склопиле сите 15-те членки на Советот на безбедност, а пет од нив имаат право на вето. Текстот беше усогласуван со денови токму поради горливото прашање за тоа дали да биде побаран и итен прекин на огнот, нешто со кое САД на 8 декември не се согласија и ставија вето на тогашниот текст. Од овие причини некои аналитичари велат дека вака изгласаната резолуција е „разводнета“ бидејќи не го третира и ова прашање, а ги третира само хуманитарната помош и заложниците.
Во однос на помошта, претставникот на Велика Британија говореше дека е срцепарателно да се гледа како помошта се трупа надвор од Газа, но не доаѓа до луѓето на кои им е потребна.
Претставникот на Кина изјави дека резолуцијата дава „трошка надеж“, но дека сé се сведува на тоа дали резолуцијата ќе може да се спроведе на терен.
Според Повелбата на ОН, сите земји-членки се обврзани да ги извршуваат одлуките на Советот. Но, Хамас не е држава и не е член на ОН. Исто така Израел често ги игнорира ОН и ги смета за непријателска институција.
Security Council adopts resolution calling for the scaling up & monitoring of aid going into Gaza.
The resolution demands all parties allow & facilitate the use of all humanitarian routes & requests the appointment of a senior UN official to coordinate & monitor aid delivery. pic.twitter.com/OVtoTNjbFu
— United Nations (@UN) December 22, 2023
Бразилскиот амбасадор во ОН Серџо Франса Данезе ја „поздрави“ новата резолуција, за која рече дека доаѓа во време во кое „оваа страшна криза ја тестира нашата хуманост“.
Шефот на ОН, Антонио Гутереш рече дека „вистинскиот проблем” за испорака на помош во Газа е офанзивата на Израел.
Тој вели дека нападите создаваат „огромни пречки за дистрибуција на хуманитарна помош внатре во Газа”.
– Хуманитарен прекин на огнот е единствениот начин да се започне со задоволување на очајните потреби на луѓето во Газа и крај на нивниот постојан кошмар – истакнува Гутереш.
Гутереш рече и дека во последните неколку недели денови „нема значајна промена“ во тоа како се води војната во Газа. Тој вели дека „нема ефикасна заштита на цивилите“ и дека продолжуваат интензивните израелски бомбардирања и копнени операции, додека Хамас и други палесински фракции продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел.