РЕЗОЛУЦИЈАТА НА БУНДЕСТАГОТ Е РЕЗУЛТАТ НА БРОЈНИТЕ РЕАКЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ Милошоски ја поздрави одлуката на германските пратеници

Милошоски потсети и дека во 2004 година Бундестагот упати апел преку резолуција до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

918

Причината за резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот идентитет, јазик и култура е тоа што ВМРО-ДПМНЕ години наназад повеќе пати реагираше дека Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година е фаличен, вели Антонијо Милошоски за радио Лидер. Тој ја поздрави резолуцијата.

Според Милошоски резолуцијата исто така е признание дека внатре во ЕУ има држави како Бугарија кои не размислуваат европски во 21 век, додека пак „Германија не би имала потреба да носи таква резолуција“.






Милошоски потсети и дека во 2004 година Бундестагот упати апел преку резолуција до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

– Во 2004 година, во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту тогаш не се оствари – предупреди Милошоски.

Истовремено, владејачката СДСМ утринава се заблагодари за резолуцијата на германскиот Парламент и ги повика Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ „да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби“.

„Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности“, соопштуваат од СДСМ.

Поврзани содржини