РЕЖИСЕРОТ НА „ТОМА“ БИ МОЖЕЛ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР И до шест месеци казна за тепачката во Ниш
Немилиот настан се случи на 23 август околу 4 часот по полноќ, а по инцидентот Бјелогрлиќ ноќта ја помина во Казнено-поправниот дом во Ниш, каде го испрашуваа од Обвинителството, а му беше изречен притвор од 48 часа.
Драган Бјелогрлиќ, познатиот режисер на филмот „Тома“ може да одлежи и до шест месеци затвор за неговата тепачка со колегата Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш која се случи летово. Иако Бјелогрлиќ преку својот адвокат понудил да плати 100.000 динари, Обвинителството го одбило предлогот и тој ќе биде гонет за насилничко однесување по српскиот закон, пишува Новости.
Немилиот настан се случи на 23 август околу 4 часот по полноќ, а по инцидентот Бјелогрлиќ ноќта ја помина во Казнено-поправниот дом во Ниш, каде го испрашуваа од Обвинителството, а му беше изречен притвор од 48 часа.
По распитот на кој, како што беше соопштено, режисерот признал дека го нападнал својот колега и изразил каење, му беше укината мерката притвор за тој да се брани од слобода. Постапката е во тек.