РЕЗА ПАХЛАВИ БАРА БРЗА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА САД ВО ИРАН Синот на соборениот шах го повика Трамп брзо да одлучи

Играта ќе се смени кога режимот ќе разбере дека повеќе не може да се потпира на продолжена кампања на репресија без светот да реагира на тоа, вели синот на соборениот ирански шах, Реза Пахлави.

191

Синот на соборениот ирански шах, Реза Пахлави, повика на итна акција во Иран. Според него брза интервенција на САД би можела да ги ограничи жртвите и да го забрза падот на сегашното раководство.

– Најдобриот начин за да се гарантира помалку жртви во Иран е да се интервенира порано, за конечно да падне овој режим. Претседателот Доналд Трамп мора многу брзо да донесе одлука – рече Пахлави во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес.






Тој истакна дека комуницирал со американската администрација, но не наведе детали.

Пахлави го обвини иранското раководство дека се обидува да ја измами меѓународната заедница со давање сигнали за подготвеност за преговори за прекин на немирите.

– Играта ќе се смени кога режимот ќе разбере дека повеќе не може да се потпира на продолжена кампања на репресија без светот да реагира на тоа… Солидарноста со иранскиот народ значи поддршка на нивните барања, а нивните барања се овој режим да си оди – истакна Пахлави, кој со години живее во егзил во САД.

Поврзани содржини