РЕВОЛВЕР, ПИШТОЛ И ПУШКИ ПРОНАЈДЕНИ КАЈ БИТОЛЧАНЕЦ Лицето е лишено од слобода

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Битола за незаконско пронајдената муниција и оружје за кои С.Ф. не поседувал дозвола ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а за ловното оружје, пиштолот и пронајдената муниција спротивно на одредбите од Законот за оружје, ќе се спроведе управна постапка пред надлежните органи на СВР Битола.

242

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска, во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Битола, ОКП-ОНТД го лишија од слобода С.Ф.(48) од Битола.

„По обезбедени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен е претрес на две локации кај С.Ф., при што биле пронајдени и одземени: еден револвер, пушка „Ремингтон”, три противавионски куршуми различен калибар и 35 куршуми различен калибар за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Исто така, при претресот биле пронајдени и одземени една воздушна пушка, три ловни карабини, еден пиштол „Валтер” 7.65мм, една малокалибарска пушка, една ловна пушка „Бајкал” и една ловна пушка „Цифсан”, за кои поседувал дозвола на негово име, како и една ловна пушка „Бреда” со дозвола на име на неговиот син В.Ф.. Пронајдени и одземени се вкупно 864 куршуми различен калибар, што е незаконски и спротивно на одредбите од Законот за оружје, според кој лицето може да поседува и чува во својот дом само 200 куршуми“, информира МВР.






Претрес е извршен и во викенд куќата на С.Ф. во Битолско, при што биле пронајдени и одземени дополнителни 85 куршуми различен калибар.

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Битола за незаконско пронајдената муниција и оружје за кои С.Ф. не поседувал дозвола ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а за ловното оружје, пиштолот и пронајдената муниција спротивно на одредбите од Законот за оружје, ќе се спроведе управна постапка пред надлежните органи на СВР Битола.

Поврзани содржини