Револуционерен концепт на градба на компанијата ХОТ-ХОТ: Спаси ја природата, биди номад! (ВИДЕО+ФОТО)

Сакате свој дом во природа, а сепак да не се врзувате за едно место? Барате објект што нема да ви го испразни џебот и за чие одржување нема да мора да плаќате скапо? Не сакате да трчате по градежни дозволи? Сакате да бидете номад, да другарувате со природата, а сепак да бидете „на свое“, да имате комоција како во хотел? Барате ли нова шанса за бизнис? Компанијата ХОТ-ХОТ има решение за вас!

4,673

Нема дилеми дека природата во ова време испраќа значајна порака до човештвото. Таа бара да ја заштитиме, но и да живееме со неа. Во домувањето и во градежната индустрија тој императив од поодамна наложува нови стандарди на градба, пријателски за околината.

Многу луѓе и кај нас посакуваат свој дом во природа. Крај езеро или река. На планина. Во долина. На имотите што веќе ги поседуваат како наследство од своите предци. На парче земја што денес во Македонија може да се купи релативно евтино. Но, процедурите за добивање градежни дозволи се долготрајни, скапи и често неизвесни, а никој веќе не сака да ризикува да гради „на диво“.






Од друга страна, луѓето често одбиваат да се врзуваат за едно место. Да, ние сакаме да другаруваме со природата, но зошто да бидеме врзани само за еден поглед кон езерската шир, кон еден врв или кон едно дрво во ливадата, кога преубавата природа во Македонија и во регионот нуди огромни можности? Ние и по својата природа сме – номади. Освен тоа, да бидеме реални, парите потрошени за одржување на стари, трошни куќи и на скапи имоти баш и не се паметна инвестиција.

Како да се најде решение за овие проблеми и за оваа очебијна контрадикција?

Компанијата ХОТ-ХОТ наскоро на пазарот ќе се појави со оригинално и иновативно решение за сите кои би сакале со скромна инвестиција да имаат свој дом во природата. Но, не обичен дом! Под брендот NOMMAD, компанијата нуди револуционерен концепт на изградба на објекти-модули, кои лесно може да се инсталираат во било која околина и уште полесно да ја менуваат локацијата. Истовремено, станува збор за мултинаменски и мултифункционални објекти.

Но, да дозволиме сега наместо зборовите, да „зборуваат“ сликите. Погледнете го ова кусо, импресивно видео:

Значи, NOMMAD e модерно дизајнирано живеалиште, изградено од еколошки материјали, со големи стаклени површини кои овозможуваат неверојатен поглед кон околината. Објектот од 28 метри квадратни е опремен со дневна соба со кујна, спална соба со кревет 160х200 сантиметри и со бања, според најсовремените стандарди. Секој квадрат е искористен паметно. Одржувањето на температурата е ефикасно и евтино. Впочем, од ХОТ-ХОТ, компанија со дведецениско искуство во изградба на еко-куќи и брвнари, ваков стандард на изведба е нешто што веќе се подразбира и се очекува.

Она што плени во овој концепт се мобилноста и флексибилноста. Модулот NOMMAD може лесно и брзо да се инсталира во било која околина, на секој слободен простор, без комплицирани процедури и дозволи. Зошто? Затоа што тој, едноставно, е своевиден модерен, луксузен и самоодржлив контејнер, кој не само што не ги оштетува природата и јавните површини, туку напротив, ги збогатува и ги облагородува. Компанијата ХОТ-ХОТ го носи модулот со камион на ваш плац и го инсталира.

Дополнителна предност на овој начин на креирање свој дом или евентуално деловен простор е што модулите можат да се мултиплицираат. Ако еден модул од 28 метри квадратни не ги задоволува вашите потреби, едноставно, можете да додадете уште еден и веќе ќе добиете мала, флексибилна и добро организирана семејна викендичка. Можете да додавате модули колку што сакате и колку што имате потреба, бидејќи можностите се неограничени.

Концептот на ХОТ-ХОТ е одлична шанса и за хотелските објекти кои располагаат со голем земјишен простор, да ги зголемат своите капацитети и на своите гости да им понудат нови, уникатни содржини. Кој не би сакал да летува во еден ваков објект покрај плажа? Кој не би сакал да зимува во еден ваков модул, на локација буквално споена со природата?

Со својот топол и пријателски дизајн, овие модули одлично се вклопуваат и во градските урбани јадра и нудат разновидни бизнис можности, без при тоа трајно да го „окупираат“ она највредното во градовите – јавниот простор.

Со еден збор, можностите што ги нуди овој револуционерен концепт се огромни. Впрочем, ХОТ-ХОТ не измислува „топла вода“, туку нуди концепт кој веќе е испробан во некои развиени земји, од кои најблиската до нас е Италија. Но, компанијата ХОТ-ХОТ ќе биде првата што ќе го лансира во Македонија и во нашиот регион.

Наскоро очекуваме дополнителни информации за потенцијалните купувачи на модулите NOMMAD. Секако, информации за се што ве интересира можете да добиете и во компанијата. Контакт информациите побарајте ги на веб-сајтот www.hot-hot.com.mk и на ФБ профилот на компанијата.

Поврзани содржини