РЕВОЛТОТ НА АРСОВСКА КОН МИЦКОСКИ Е ОПРАВДАН Стевче Јакимовски вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја мати водата
Не сум разговарал со градоначалничката Арсовска. Сакам да се видам за да ги подготвиме програмите за следната година. Го употребував терминот шпицен градоначалник затоа што се мешал во работата на советите и на општината. Веројатно претерал и во неговото мешање во Градот Скопје и веројатно тоа е причината што таа го нарекува „шпицен“. И гледате таа, колку што јас гледам, немаше конфликт со советниците, туку со Мицкоски. Тој е оној кој ја мати водата. И таа го бара тој да дојде и ова да се расчисти, изјави Јакимовски.
Градоначалничката Данела Арсовска е во право кога му се лути на Мицкоски и го нарекува „шпицен градоначалник“ затоа што тој се мешал во работата на Град Скопје, вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош во „Аргумент плус“ на ТВ24. За него револтот на Арсовска е оправдан.
– Не сум разговарал со градоначалничката Арсовска. Сакам да се видам за да ги подготвиме програмите за следната година. Го употребував терминот шпицен градоначалник затоа што се мешал во работата на советите и на општината. Веројатно претерал и во неговото мешање во Градот Скопје и веројатно тоа е причината што таа го нарекува „шпицен“. И гледате таа, колку што јас гледам, немаше конфликт со советниците, туку со Мицкоски. Тој е оној кој ја мати водата. И таа го бара тој да дојде и ова да се расчисти – изјави Јакимовски.
На прашањето дали очекувал Мицкоски да биде надвор од сето ова Јакимовски рече:
– Очекував да не се меша. Очекував да не опструира.