РЕВИЗОРИТЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ВО ФЗО Пропусти при издавање на лекови, при исплата на породилно отсуство, кусок на вработени, нефункционален ИТ систем
Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.
Државниот завод за Ревизија изразуваат бројни резерви во однос на финансиското работење на Фондот за здрасвство, а меѓу другото, забележале дека поради одредени слабости бидејќи од страна на граѓаните за време на пандемијата биле дадени 19,9 милиони евра за ПЦР тестови, а кои завршиле во приватното здравство.
Во функционирањето на Фондот е утврдено дека е застарена и амортизирана серверска структура и дека има недостиг на ИТ – кадар и стратегија, што пак се потврди деновиве, со хакерскиот напад врз сајтот на ФЗО.
Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.
Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.
– Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ – велат од Државниот завод за ревизија.
Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.
Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.
– Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби – се наведува во соопштението.