РЕВИЗИЈАТА ГО ПОТВРДИ КРИМИНАЛОТ НА СДСМ И НА ДУИ ВО ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Артан Груби и Парпарим Бајрами прикриле 2 милиони евра, каде се парите, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста заслужува да знае, со кое право СДСМ го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

1,558

Криминалот на СДСМ и на ДУИ во Лотарија на Македонија доби уште една институционална потврда со тоа што Државниот завод за ревизија констатираше серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата, во време кога со неа раководеа кадри поставени од СДСМ и од ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

„ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДСМ слепо и немо го одобрувале криминалот и злоупотребите на експонентите на ДУИ, како лицата во бегство Груби и другар му Бајрами.






Како што прашувавме и во минатото, така и сега прашуваме дали СДСМ и ДУИ го дозволиле првиот, од многуте криминали во Лотарија од два милиони евра и на кои сметки завршиле овие пари?

Јавноста заслужува да знае, со кое право СДСМ го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, иако како ВМРО-ДПМНЕ долго време наназад, јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија.

Извештајот на ДЗР е само уште една потврда во низата за начинот на кој СДСМ и ДУИ раководеа со државните институции. Ги уништија претпријатијата, ги испразнија буџетите и ги испокрадоа парите.

Сега веќе го нема нивниот обвинител Љупчо Коцевски за да ги штити, и одговорност мора да има, како за овој така и за останатите криминали“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини