📽️ РЕВИЈА НА ЕВРОГОЛОВИ И ПАК РЕМИ! Шоуто Интер-Барселона заврши со 3-3, реваншот ќе се игра на „Меаца“
Но, натпреварот можеше да заврши и со победник, доколку на едната страна Михтарјан не се најдеше еден сантиметар во офсајд, додека на спротивната Јамал беше за малку попрецизен по мајсторскиот удар во 86. минута која заврши во пречката. Вака во Милано ќе се замине без предност на ниту една екипа (3-3).
Лудото дерби меѓу Барселона и Интер на „Монжуик“ заврши со реми од 3-3 во една ретка ревија од евроголови постигнати од двете страни. По шоуто од првото полувреме кое заврши со ремизирање од 2-2 вториот дел започна навидум помирно сè до 64. минута кога Дамфрис погоди со глава и го зголеми резулатот на 2-3.
Радоста на „нероазурите“ им ја расипа следниот напад Рафиња испрати „бомба“ по која топката од пречката удри во грбот на Зомер и заврши во мрежата за 3-3.
Но, натпреварот можеше да заврши и со победник, доколку на едната страна Михтарјан не се најдеше еден сантиметар во офсајд, додека на спротивната Јамал беше за малку попрецизен по мајсторскиот удар во 86. минута која заврши во пречката. Вака во Милано ќе се замине без предност на ниту една екипа (3-3).
Еден од најизненадувачките моменти на полуфиналниот меч беше тоа што во првите 30 секунди Турам постигна гол со пета, откако топката му ја додаде Дамфрис со прецизен центаршут кон домаќинот.
Потоа следеше голот на Дамфрис со „ножички“ за 0-2 за Интер, голот на Ламин Јамај само три минути подоцна со кој Барселона се врати на мапата, за со голот на Феран Торес, кој го замени Роберт Левандовски, да се израмни на 2-2.
Ремито од 2-2, стана реми 3-3 до крајот на мечот.
По епскиот меч, реваншот ќе се игра на стадионот „Меаца“ во Милано. Победникот ќе игра во финалето на Лигата на шампионите заедно со Париз Сен Жермен или Арсенал кои ќе се реваншираат во Париз веќе следната недела откако ПСЖ го победи Арсенал со 1-0 во Лондон.
Финалето на ЛШ треба да се одигра во сабота, 31 мај 2025 година, на Алијанц Арена (Allianz Arena) во Минхен, Германија, која е домашен стадион на Баерн Минхен.