РЕТКО, НО МОЖНО Од 955 заболени, само 8 луѓе повторно закачиле корона

Од Министерството за здравство не дадоа детали дали повторно заразените лица прво прележале еден сој, а потоа се заразиле со друг или пак се заразиле со истиот сој.

1,455

Од вкупно 955 активни случаи, заклучно со вчера, само 8 лица се повторно заразени со ковид-19, велат од Министерството за здравство на прашање од Плусинфо без да дадат детали дали овие лица прележале еден сој, а потоа се заразиле со друг или пак се заразиле со истиот сој.

Оттаму денеска соопштија дека во земјава сѐ уште е доминантна британската варијанта на вирусот и дека досега во земјава се детектирани 30-тина случаи на делта варијантата.
Но, со оглед на брзото ширење на делта сојот во светот и во регионот, од Министерството за здравство предупредуваат дека многу брзо делта сојот може да се прошири и кај нас.






Деновиве нагло скокнаа бројките на новозаразени со ковид-19, вчера беа пријавени 219 заболени, а најголем број се од Скопје и од Тетово. Надлежните соопштија дека најголем дел од заразените се дојдени од странство, како и дека свадбите летово се покажале како најголеми жаришта.

Поврзани содржини