РЕТКО КОЈ КАКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖУВА РАЗБИРАЊЕ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ДУИ Премиерот очекува општествена поддршка на локалните избори

Филипче покажал разбирање за аргументите на ДУИ, нешто за кое ние континуирано зборуваме, а тоа е дека коалицијата Левица-СДСМ-ДУИ перфектно функционира, изјави премиерот Хриистијан Мицкоски.

353

„Венко Филипче е можеби еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ“.

Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил коалиција со СДСМ во некои општини во пресрет на локалните избори.






– Филипче кажал дека е подготвен да коалицира со нас во некои општини низ Македонија во пресрет на локалните избори. Искрено, не успеав вчера да го изгледам неговото интервју на еден национален медиум, но ветувам дека денеска ќе го прегледам сето она што било кажано таму. Но, добив информација дека Филипче можеби е еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ. Тој покажал разбирање за аргументите на ДУИ, нешто за кое ние континуирано зборуваме, а тоа е дека коалицијата Левица-СДСМ-ДУИ перфектно функционира – изјави Мицкоски.

Премиерот очекува општествена поддршка за кандидатите од владината коалциија.

– Убеден сум дека политиките на оваа коалиција се политики во интерес на народот. Кога велам дека очекувам општествена поддршка, тоа значи дека вистински го мислам тоа – порача Мицкоски.

На прашањето кој од двајцата – министерот за локална самоуправа Златко Перински или градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски – ќе биде избран за кандидат за градоначалник на Град Скопје, премиерот одговори дека ниту еден од нив сѐуште не ја соопштил одлуката дека сака да биде дел од анкетите за избор на кандидат за градоначалник.

– Кога веќе и двајцата се тука, еве јавно ќе кажам дека ниту Перински ниту Ѓоргиевски досега ми немаат официјално кажано дека сакаат да бидат дел од анкетите за избор на кандидат за градоначалник на Град Скопје. Но, еве, ќе го послушам вашиот совет, па кога ќе ги почнеме анкетите за мерење на кандидатите, ќе ги вклучиме и двете имиња – рече Мицкоски.

Поврзани содржини